Објавено на 09 Декември, 2014 во Вести
Македонската фудбалска шесторка предводена од Александар Ставрев ја суди средбата Наполи - Слован Братислава во рамките на 6 коло од Лига Европа - Група 1. Улогата на први асистенти ја имаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов. Дополнителни помошници на натпреварот се Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски, додека улога на четврти судија на оваа средба е Никола Караколев.
Контролор на оваа средба е Николае Григореску од Романија, а делегат Гундер Де Саделер од Белгија.
Натреварот Наполи – Слован Братислава се игра во четврток во 21.05 ч. и нема некое посебно значење доколку се има во предвид дека италијанскиот тим веќе има обезбедено пласман во следната фаза натпревари.
Пријавите ќе бидат отворени во периодот од 04.01. до 15.01.2021 година!...