Објавено на 30 Март, 2016 во Вести, До 21 год
Големите имиња на францускиот фудбал и легендарни фудбалери на Барселона и Арсенал, Ерик Абидал и Роберт Пирес беа во улога на стручни коментатори на натпреварот Франција – Македонија за репрезентации до 21 година кој заврши 1:1 од квалификациите за Европското првенство. Во продолжение клучните поенти од коментарот на Абидал и Пирес.
-Македонија знаеше што сака уште од самиот почеток. Од првите минути силно ја притиснаа Франција, на големо изненадување на сите. Нашите репрезентативци не знаеја како да се снајдат и Македонија заслужено поведе. Не направивме ниту една колективна акција и се обидувавме само индивидуално. Дефанзивецот си даде несреќен автогол, сакајќи да ја исфрли топката во корнер, но и покрај тоа македонските репрезентативци не паднаа на психолошки план, а тоа говори за нивната добра подготвеност и квалитетната работа на нивниот селектор. Имаат добар тим и со добра работа можат да бидат носители и во сениорската репрезентација, изјави Ерик Абидал.
-Искрено, оваа селекција на Македонија беше подобро технички поткована од таа на Франција. На терен излегоа без страв, што навистина е за почит бидејќи се соочија со силен тим и со играчи кои играат во многу посилни лиги. Пред почетокот мислев дека ова ќе биде лесен натпревар и лесни три бода за Франција, но не беше така. Нивниот среден ред беше одличен, играат модерен фудбал, нема панично исфрлање топки, што е навистина паметно. За пофалба е селекторот кој направи измени во вистински момент и не дозволи играчите физички да паднат. Очекувам за овие момци се повеќе да се зборува во иднина, истакна Роберт Пирес.
Во продолжение статистиката од натпреварот:
Прво полувреме:
|
53% |
Посед на топка |
47% |
|
6 |
Вкупно удари |
6 |
|
1 |
Удари во рамка |
2 |
|
5 |
Удари надвор од рамка |
2 |
|
0 |
Блокирани удари |
2 |
|
8 |
Слободни удари |
7 |
|
1 |
Корнери |
5 |
|
1 |
Офсајди |
1 |
|
11 |
Нафрлувања |
5 |
|
1 |
Одбрани на голман |
0 |
|
6 |
Прекршоци |
6 |
|
0 |
Жолти картони |
1 |
Второ полувреме
|
49% |
Посед на топка |
51% |
|
7 |
Вкупно удари |
3 |
|
3 |
Удари во рамка |
2 |
|
1 |
Удари надвор од рамка |
1 |
|
3 |
Блокирани удари |
0 |
|
4 |
Слободни удари |
9 |
|
6 |
Корнери |
2 |
|
2 |
Офсајди |
1 |
|
16 |
Нафрлувања |
20 |
|
2 |
Одбрани на голман |
3 |
|
6 |
Прекршоци |
4 |
Натпревар:
|
51% |
Посед на топка |
49% |
|
13 |
Вкупно удари |
9 |
|
4 |
Удари во рамка |
4 |
|
6 |
Удари надвор од рамка |
3 |
|
3 |
Блокирани удари |
2 |
|
12 |
Слободни удари |
16 |
|
7 |
Корнери |
7 |
|
3 |
Офсајди |
2 |
|
27 |
Нафрлувања |
25 |
|
3 |
Одбрани на голман |
3 |
|
12 |
Прекршоци |
10 |
|
0 |
Жолти картони |
Пријавите ќе бидат отворени во периодот од 04.01. до 15.01.2021 година!...