Објавено на 05 Март, 2016 во Вести
На редовното Генерално Собрание на Фудбалската федерација на Македонија кое е во тек, свое обраќање имаше Зоран Лаковиќ, претставник на УЕФА за менаџмент на национални асоцијации.
Г-дин Лаковиќ како најбитни факти во работата на Фудбалската Федерација ги издвои стабилноста на федерацијата, нејзиното континуирано нормално работење, инвестициите во локалната инфраструктура и процесот на креирање на млади играчи, позитивни карактеристики кои заслужуваат да бидат препознаени и наградени.
„Би сакал да искажам пофалба на раководството на федерацијата за проектите кои ги спроведува, посебно во делот на реконструкција на четири стадиони (Битола, Тетово, Прилеп, и Штип), постојаното унапредување на условите за работа на младинската Академија и воспоставување на натпреварувачкиот систем.“
Потврдата за успешната работа дополнително се потврдува и директно од страна на УЕФА, „Скопје, Македонија и Фудбалската федерација на Македонија се препознаени од соодветните институции како позитивен пример за развој на фудбалот, а најдобар доказ за ова е доделувањето на организацијата на Европскиот Супер куп, натпревар кој ќе се одигра следната година на арената „Филип Втори“.“
Г-дин Лаковиќ уште еднаш го потврди ставот дека УЕФА е вистински и искрен пријател и сојузник на ФФМ и подготвена е и понатаму да ја искаже својата поддршка преку помош во реализацијата на зацртаните проекти, идеи, една нова фудбалска мисија која фудбалската федерација ја започнува.
Пријавите ќе бидат отворени во периодот од 04.01. до 15.01.2021 година!...