Објавено на 06 Септември, 2015 во Вести
Селекторот на А репрезентацијата на Македонија
Љубинко Друловиќ пред квалификацискиот натпревар со Шпанија реши да повика
дополнителни четворица фудбалери од младата репрезентација. Енис Барди, Бобан
Николов, Ѓоко Зајков и Марјан Радески денеска го напуштија штабот на репрезентацијата
до 21 година и се префрлија кај ‘возрасните’ под водство на Љубинко Друловиќ. Младата
репрезентација во саботата оствари важна победа од 1:0 над Украина во
квалификациите за ЕП во Полска, а гореспоменатите играчи беа меѓу најдобрите. Во
меѓувреме во А репрезентацијата се отвори место за нови играчи, откако стана извесно дека Бесарт Абдурахими и Стефан Ристовски отпаднаа за мечот со Шпанија поради жолти
картони. Поради повреда нема да игра Аријан Адеми, а
од исти причини неизвесен е Даниел Мојсов. Токму затоа Друловиќ се реши за нови
играчи и Барди, Николов, Зајков и
Радески веќе се дел од А репрезентацијата и се во комбинација за настап на
утрешниот натпревар со Шпанија во 20:45 часот на Националната Арена ‘Филип Втори во Скопје, дел од квалификациите за пласман на Европското Првенство што идната година ќе се одржи
во Франција.
Пријавите ќе бидат отворени во периодот од 04.01. до 15.01.2021 година!...